Заштита на податоци

Вашите права за приватност
Нашата политика за приватност ги опфаќа вашите права за приватност во однос на нашата
збирка, употреба, складирање, споделување и заштита на вашите лични податоци. Полисата се
однесува на сајтот AvtoPazar и сите поврзани сајтови, апликации, услуги и алатки во кои таа се
споменува, без разлика на начинот на кој се пристапуваат или употребуваат.
 
Содржина
- Собирање на податоци
- Споделување на информации и регистрирање на сајтови за друштвено вмрежување
- Употреба
- Рекламирање
- Откривање на вашите податоци
- Податоци кои ги споделувате со AvtoPazar
- Употреба на податоци од AvtoPazar
- Колачиња
- Без спам, шпионски програми и измама
- Пристап, разгледување и промена на вашите лични податоци
- Како ги штитиме и складираме вашите лични податоци
- Осигурување од трети страни
- Контакт
 
Вашето користење на апликациите, услугите и алатките и/или регистрација на AvtoPazar
значи дека ја прифаќате нашата политика за приватност.
Нашата Политика на приватност може повремено да се менува и измените ќе бидат
објавени 30 дена пред да стапат во сила. За евентуални измени ќе ве информираме на
центарот за пораки на AvtoPazar или преку електронска пошта.
Овие правила важат од 2 февруари 2019 година, за сегашни корисници, како и за новите.
 
Собирање на податоци
Можете да разгледувате на сајтот без да се претставите или да откривате лични податоци
за вас. Ако се зачлените, ни ги давате вашите лични податоци и повеќе не сте анонимни.
Доколку решите да ги споделите вашите лични податоци со нас, вие ни дозволувате да ги
преместуваме и складираме тие податоци на нашите сервери во Република Македонија
или каде и да сме лоцирани.
Кога го посетувате нашиот сајт или ги користите нашите апликации, услуги или алатки, ние
добиваме податоци кои ги испраќа вашиот компјутер, мобилен телефон или друга
направа. Тие податоци не се поврзуваат со вас освен ако не сте регистриран корисник. Со
цел да ги користите нашиот веб сајт, апликации, услуги и алатки од вас ги собираме
следните видови на податоци:
- Имејл адреса, телефонски број, број од мобилен телефон, податоци за физичкото лице.
- Лични податоци кои ги споделувате со нас преку разни дискусии, страници за лични
податоци на членовите, допишување, разговори(чатови), решавање на спорови или
преку користење на други апликации, услуги и сајтови
- Други информации собрани од трети страни, како податоци за демографија или
навигација, податоци за кредитна сметка и дополнителни податоци од вашата
кредитна историја чие добивање е легално / Не бараме од Вас да ни давате информации за кредитни картички, тоа може да биде побарано од други сервиси – како што е PayPal – кои ја предаваат вашата трансакција за праќање на нашите услуги. Сите податоци кои они ги собираат остануваат кај нив а никогаш не се гледаат или употребуваа од страна на  Avtopazar.mk /
- Податоци од вашите интеракции со нашите сајтови, услуги, содржина и реклами,
вклучувајќи ги идентификација, вид и геолокација на вашиот уред, податоци за вашиот
компјутер и конекција, статистики за разгледани сајтови, сообраќај од и кон сајтови,
податоци за реклами, ИП адреса и стандардни податоци за регистрирање на сајтови.
 
Споделување на информации и регистрирање на сајтови за друштвено
Вмрежување
 
Ви нудиме услуги за споделување податоци со трети интернет сајтови како Фејсбук, Гугл плус,
Твитер и други.
Можете да одберете со нас да споделите одредени информации кои се наоѓаат на
гореспоменатите сајтови. Личните податоци до кои имаме пристап зависат од сајтот и се
контролирани од вашите подесувања за приватност. При поврзувањето на AvtoPazar со со трет
интернет сајт вие се согласувате дека AvtoPazar може да ги собира, користи и складира
податоците од овие сајтови во согласност со политиката за приватност.
 
Употреба
 
Наш приоритет при земањето на вашите лични податоци е да ви овозможиме пристап до
нашите сајтови и услуги, како и безбедно и ефикасно искуство. Се согласувате дека можеме да
ги користиме вашите лични податоци за
- Да ви овозможиме пристап до сајтови, услуги и поддршка кои ви требаат
- Да решиме спорови, да наплаќаме и да решаваме проблеми
- Да спречуваме, откриваме и испитуваме потенцијално забранети или нелегални
активности и да го спроведуваме корисничкиот договор
- Да ги прилагодуваме и подобруваме нашите услуги, содржини и реклами
- Да ве информираме за нашите услуги и услугите нашите партнери, да ги доставиме
наменетите реклами, да ги ажурираме услугите и промотивните понуди врз основа на
вашите преференции
- Да споредуваме податоци за поголема точност, и да ги потврдуваме со трети страни
- Да ве контактираме преку телефонскиот број кој сте го споделиле преку повик, СМС
или електронска пошта дозволено со нашиот кориснички договор
- Да ви овозможиме да користите услуги кои сте ги побарале кога сме ги земале вашите
лични податоци
 
Рекламирање
 
Не ги продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на трети страни за нивни
рекламни намери без ваша согласност. Ги комбинираме вашите лични податоци со оние
од други компании за да ги подобриме нашите услуги, содржини и реклами.
 
Откривање на вашите податоци
 
Ги откриваме вашите лични податоци за да одговориме на легални барања, да ги
спроведуваме нашите политики, да ги штитиме правата, имотот и безбедноста на
корисниците. Податоците се откриваат во согласност со законите и регулациите.
Ги споделуваме вашите лични податоци со
- Провајдери на услуги по договор кои помагаат на нашите бизнис операции (истраги за
измами, наплата, операции на сајтот)
- Други трети страни на кои им ги испрачаме податоците на ваше барање
- Спроведувачи на законот, владини организации, или овлстени трети страни во рамките
на криминална истрага
- Други бизнис компании, во случај да се споиме со друга компанија или да бидеме
продадени на истата, по што ќе биде почитувана политиката за приватност и ќе
добиете известување
Во други случаи за ваша безбедност нема да ги споделиме вашите лични податоци со
трети страни или спроведувачи на законот.
 
Податоци кои ги споделувате со AvtoPazar
 
Вашиот кориснички ИД, телефонски број, локација и име ќе биде прикажуван на AvtoPazar, видлив за другите и поврзан со вашите
активности на AvtoPazar. Другите ќе можат да ги гледаат вашите понуди, набавки, предмети за
продажба, фидбек, оценки и коментари. Известувања испратени до другите корисници за
сомнителни активности и прекршувања на политиката на нашиот сајт се однесуваат на
корисничкиот ИД. Ако го поврзувате вашето име со вашиот кориснички ИД, лицата на кои сте
им го откриле вашето име ќе можат да ги препознаат вашите активности на AvtoPazar.
Ако пристапите на нашите сајтови преку јавен компјутер или интернет кафе одредени
податоци може да бидат видливи на идните корисници на тој компјутер.
 
Употреба на податоци од AvtoPazar
AvtoPazar ви овозможува да споделувате лични податоци.Притоа неможеме да ја гарантираме приватноста и безбедноста на
вашите податоци и затоа ве предупредуваме да бидете внимателни при вршење трансакции и
споделување информации. За подобро штитење на вашата приватност, откриваме само
одредени податоци при трансакциите. Во секој случај мора д им дозволите на другите
корисници да се остранат од вашата база на податоци и да ги разгледаат податоците кои ги
споделиле со вас.
Се согласувате да користите податоци само за
- Трансакциони потреби за AvtoPazar кои не се спам
- Користење услуги од AvtoPazar (како превезување на предмети и жалби за измами)
- Други услуги кои ги одбира корисникот
 
Колачиња
Користиме колачиња (мали датотеки со податоци во вашите направи) на некои од нашите
страници за да го анализираме текот на сајтот, да ги прилагодиме нашите услуги, содржини и
реклами, мерењена промотивната ефикасност и промовирање на доверба и безбедност.
Поважни работи кои треба да се знаат при користењето на овие технологии се
- Нудиме одредени функции кои се достапни само при користењето на колачиња
- Користиме колачиња за да ве идентификуваме и да го одржуваме вашиот статус како
логиран
- Повеќето колачиња се привремени, што значи дека автоматски се избришани од
вашиот хард диск по користењето
- Секогаш можете да го одбиете пристапот на колачињата доколку тоа го дозволува
вашиот интернет пребаруваќ
- Можете да сретнете колачиња од трети страни, таканаречени сервис провајдери на кои
сме им дозволиле пристап до нашиот сајт за да помогнат од многу аспекти при
услугите и операциите на сајтот
- Можете да сретнете и колачиња од трети страни чиј пристап ние не го контролираме
ниту овластуваме. (На пример при разгледување на вебсајт од друг корисник каде
може да има колачиња)
 
Без спам, шпионски програми и измама
 
Ние и нашите корисници не толерираме спам. Не заборавајте да ги наместите ваѓите
преференции за комуникација на AvtoPazar според вашите потреби. Не сте овластени да
додавате други AvtoPazar корисници на вашата листа за мејлови без нивна согласност, дури и
корисник кој купил нешто од вас. Неможете да ги користите нашите алатки за комуникација за
да испраќате спам или други содржини кои би го прекршиле корисничкиот договор.
Автоматски ги скенираме и рачно ги филтирираме пораките при проверки за спам, вируси,крадци на лични податоци и други штетни активности или нелегални и забранети содржини,
но не ги задржуваме долготрајно овие пораки. Ако испратите електронска пошта преку имејл
нерегистрирана имејл адреса, ние не ја задржуваме имејл адресата и не ја користиме за
рекламирање. Не ги изнајмуваме или продаваме овие имејл адреси.
 
Пристап, разгледување и промена на вашите лични податоци
 
Лозинката е најважна за вашиот акаунт. Користете уникатни броеви, букви и специјални
карактери и не ги откривајте на никој. Доколку го направите тоа, одговорноста е целосно ваша.
Доколку некој друг ја знае вашата лозинка вие губите контрола врз вашиот акаунт и лични
податоци и сите нелегални акции кои се превземаат притоа се ваша одговорност. Затоа,
доколку безбедноста на вашата лозинка е загрозена веднаш треба да не контактирате и да ја
смените вашата лозинка.
Со логирање на AvtoPazar вие можете да ги разгледувате и менувате повеќето од вашите лични
податоци. Ние нема рачно да ги менуваме вашите лични податоци бидејќи е многу тешко да
се потврди нашиот идентитет. Доколку се смени дел од вашите лични податоци вие треба
благовремено да го ажурирате за да не биде неточно. Доколку постирате нешто јавно,
неможете да го смените или избришете. На ваше барање ние ќе го затвроиме вашиот акаунт и
ќе ги избришеме вашите лични податоци колку што можеме побрзо во рамките на законите и
врз основа нашата активност. Задржуваме лични податоци од затворени акаунти според
законските регулативи за да спречиме измами, вршиме наплати, разрешиме спорови, решиме
проблеми, помогнеме при истраги, за да го спроведуваме AvtoPazar Корисничкиот Договор и
превземаме акции кои се дозволени во рамките на законите.
Како ги штитиме и складираме вашите лични податоци
 
Терминот лични податоци кој го користиме во оваа политика за приватност е за да опишеме
податоци кои се поврзани со одредено лице и за да го препознаеме тоа лице. Ги складираме и
обработуваме вашите лични податоци на нашите комјутери во Република Македонија или на
друго место каде што се наоѓаат нашите простории. Ги штитиме вашите лични податоци со
технички и административни безбедносни мерки за да се намали ризикот од загуба,
злоупотреба, забранет пристап, откривање и измени. Дел од нашите чувари се ѕидови,
кодирање на податоци и контроли при пристап на податоците.
Превземаме мерки за ја обезбедиме точноста и ажурираноста на личните податоци и ви
овозможуваме да ги ажурирате податоците преку подесувањата на вашиот профил.
Задржуваме податоци кои се потребни при нашите операции. Може да задржиме и лични
податоци од затворени акаунти за да спречиме измами, вршиме наплати, разрешиме спорови,
решиме проблеми, помогнеме при истраги, да го спроведеме AvtoPazar Корисничкиот Договор
и да превземеме акции кои се дозволени во рамките на законите.
 
Трети страни
 
Овој документ се однесува само на употребата и откривањето на податоците кои ги собираме
од вас, освен ако не е посочено нешто друго во самиот документ. Доколку ги откриете
податоците на купувачи, продавачи или наддавачи на нашите сајтови на интернет, други
правила важат за нивната употреба и откривање. AvtoPazar не ги контролира политиките за
приватност на третите страни и вие мора да ги почитувате истите каде што е соодветно. Ве
советуваме да прашате пред да откриете податоци на други лица.
 
 
Контакт
Ако имате некакви прашања или ви треба помош контактирајте не на [email protected].
Најави се
Корисничко име
Лозинка
Заборавена лозинка? Потсетување